Патничко моторно возило „БМВ“ е опожарено ноќеска околу 03:00 часот на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје.

Возилото, како што е наведено во полицискиот билтен, е со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Н. од Скопје.

Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа, а опожарен е предниот дел на возилото. Увидот е во тек.