Околу 2:00 часот по полноќ во скопски Аеродром во Скопје било опожарен автомобил „БМВ“, сопственост на приватна здравствена установа. 

Полицијата соопшти дека околу 2:00 часот ноќеска на бул. „АСНОМ“ во Скопје било опожарено патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа.

Во пожарот била опожарена десната задна страна на автомобилот. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарн заштита.

Полицијата ќе изврши увид во текот на денот.