Доцна синоќа на улицата Трифун Хаџи Јанев во Скопје избувнал пожар во возило по што се проширил и на соседните возила.

– Од пожарот биле опожарени патничко моторно возило ‘киа делта, сопственост на И. Б. (49); патничко моторно возило ‘ауди А4’, сопственост на правно лице; патничко моторно возило ‘форд фиеста, сопственост на Д. В., и патничко моторно возило ‘пежо партнер’, сопственост на правно лице – соопшти МВР.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната екипа. Извршен е увид на местото на настанот.