Три автомобили вчера биле опожарени на улицата Отокар Кершовани во Скопје. Според пријавеното, 21-годишната А.А. од село Мирковци, Скопско, откако го паркирала возилото забележала чад кај хаубата.

Од пожарот биле зафатени уште две возила – „мерцедес“, сопственост на А.Р. (44) и „цитроен берлинго“, сопственост на Л.С. (66), двајцата од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила екипа од СВР Скопје.