Освен куќа, вчера во Куманово гореше и стан на улицата „Карадчки одреди“ во населбата „Тоде Мендол“. Во пожарот била зафатена кујната, дневната и спалната соба, информираа денеска од кумановската противпожарна единица.

Овој пожар е регистриран во 21.50 часот. Кумановските пожарникари интервенрирале со две возила и шест пожарникари.

Само еден час претходно изгоре куќа во центарот на Куманово, на крак од улицата „Гоце Делчев“. На пожарот интервенираа три противпожарни возила.

Двата пожари се изгаснати половина час по полноќ.