По полноќ во СВР Скопје, М.С.(25) од Скопје пријавила дека на ул.Кленоец настанал пожар, при што било опожарено возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(68) од Скопје. Од пожарот биле зафатени и дел од фасада на зграда на ул.Кленоец, со прозорец и ролетна од стан, како и паркирано патничко возило „пасат“.

Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.