Фото: илустрација

Во катната гаража на улицата „Стефан Јакимов Дедов“ во Скопје било опожарено патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Б. од Скопје.

Како што информира денеска МВР, случајот бил пријавен во полиција изутрината во 1:39 часот.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „Пежо 106“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.А. од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.