Во кичевското село Другово синоќа околу 22 часот избувна пожар во бараката на Ј.С.(58) од Кичево.

Причина за пожарот е запалениот оџак од каде истиот се проширил и на покривната конструкција. Благодарение на навремената интервенција на вработените од ТППЕ-Кичево спречен е пожар од поголеми размери. Причините за пожарот и вредноста на направената штета дополнително ќе се утврдуваат.

З.А.