Полицијата во Скопје, вчера, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изрече вкупно 189 мерки, меѓу кои 58 за возење повеќе од дозволената брзина, 13 за возење без возачка дозвола и шест за управување под дејство на алкохол.
Исто така, изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 21 за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, шест за нерегистрирани возила, 53 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.