Во текот на вчерашниот ден, полицијата спровела сообраќајни контроли на територијата на град Скопје.

Како што информираат од МВР, изречени биле вкупно 149 мерки, од кои 15 за управување со брзина поголема од дозволената, 24 мерки за возење без возачка дозвола, 19 за нерегистрирани и технички неисправни возила, три санкции за управување под дејство на алкохол, 11 за користење на мобилен телефон, две за непрописно престигнување и обиколување и пет мерки за поминување црвено.

Од МВР претходно соопштија дека само на територијата на општина Чаир изречени биле 84 мерки, од кои 15 за возење без возачка дозвола, 4 за техничка неисправност и нерегистрирани возила.

Полицијата вели дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.