фото: Игор Бансколиев

Како и колку придружници биле во ковид-болницата најпрвин ќе направиме анализа, која ќе почне од утре од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Засега знаеме дека биле двајца во посета, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на попладневната прес-конференција во врска со пожарот во Тетово.

Тој нагласи дека посетите за ковид-пациенти начелно се забранети насекаде, но добил информација дека со серификати за вакцинација роднините биле пуштани да ги посетат пациентите, а не да ги чуваат.

„Тоа е нешто што е традиционална глетка во нашите болници и од лично искуство знам дека тоа е тешко да се менаџира“, посочи министерот.

Филипче рече ѝ дека засега може само да се шпекулира дали починатите се само пациенти или меѓу нив има лица и од придружбата, а за точна информација ќе треба да се почекаат резултатите од ДНК-анализата.