Викендичка во скопското село Нова Брезница изгоре во пожар што се случи синоќа околу 21.40 часот.

Во пожарот паднала кровната конструкција на куќата, но за среќа во моментот во домот немало никој. Причина за пожарот е удар од гром.

Пожарот е изгаснат околу 01.10 часот, а во гаснењето интервенирале 11 пожарникари со пет пожарникарски возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.