Златен накит, пари, пиштол „Брунер чешка зброевка – Компакт“ калибар девет милиметри и рамка со 14 куршуми, се украдени вчера од стан во Ѓорче Петров.

Полицијата соопшти дека случајот го пријавил сопственикот на станот З.Р. (52).

По кражбата сторителот го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 184.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.