Денешното рочиште за случајот „Тотал“ каде обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ Латас, е одложено за 17 октомври, поради отсуство на член на судечкиот совет.

Предметот сѐ уште се наоѓа во доказна постапка.

Латас во случајот „Тотал“ е обвинет за даночно затајување како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.

Според обвинението, во периодот од 2008. до 2015. година заедно со правни лица, со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави, давале лажни податоци.

Како што велат од обвинителството, правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.