Се одложи сведочењето на јавниот обвинител од Специјалното јавно обвинителство, Бурим Рустеми, кој денеска требаше да даде исказ за случајот „Рекет“ во Јавното обвинителство за организиран криминал.

Одложувањето е поради неговите обврски на денешното рочиште за случајот „ТНТ“. Распитот за „Рекет“ веројатно ќе се случи утре.

За истиот случај неделава дадоа искази обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.