Мобилни телефони и други недозволени средства се пронајдени во ќелиите на осудените за „Диво насеље“ при претрес спроведен во 5 часот утринава во затворот „Идризово“.

Претресот е извршен со асистенција на полицијата по наредба на судот, како што информираа за МИА од Управата за извршување на санкции.

Оземените предмети се предадени на вештачење, а акцијата поминала без инциденти.