Полицијата пронашла и одзела над 3.000 пиротехнички средства во Вевчани и Свети Николе.

При извршен претрес во домот на М.К. (68) од Вевчани, полициски службеници пронашле и одзеле 2.200 парчиња пиротехнички средства. Од МВР информираат дека М.К е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Полицијата добила сознанија и дека на градскиот пазар во Свети Николе се врши продажба на пиротехнички средства,  пришто била извршена контрола кај Р.И.(68) од Куманово. Кај него биле пронајдени и одземени се 900 парчиња пиротехника. Против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок, додава МВР.