Заврши сведочењето на водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“. Обвинителката ја праша за нивните луксузни одмори, а таа одговори дека Бојан Јовановски во еден наврат бил во грчки ресорт со некои девојки, а таа и Сергеј Варошлија дошле само на еден ден.

Дента кога бил уапсен Јовановски, Филиповска била заедно со него и со новинарката Анета Кочишки.

– Бевме тргнати на Миконос. Но, ете одморот не се реализираше – кажа Филиповска.

На прашањето кој го платил овој одмор, таа рече дека не знае, бидејќи сè уште не биле ни пристигнати.

– Јас секогаш носам пари со мене, и ако требаше да се плати одморот, ќе си го платев. Не чекам друг да ми плаќа нешто – рече водителката.

Судењето е сè уште во тек, во моментов сведочи лицето кое ја продало скапата гарнитура, која завршила во домот на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.