Во Кривичниот суд Скопје денеска се одржува ново рочиште за случајот „Транспортер“ на кое се присутни сите 21 обвинети лица.

Во овој случај се обвинети поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Адвокатот на Талевски побара изземање на судскиот совет по што судот даде пауза од еден час.