Фото: Архива

Одбраната на обвинетите за случајот „Диво Насеље” на денешната јавна седница пред Врховниот суд побара укинување на пресудата и случајот да се врати на повторно судење или таа да се преиначи во ослободителна, поради, како што тврди, суштествени повреди на кривичната постапка пред првостепениот и второстепениот суд, погрешно утврдената фактичка состојба и повреда на кривичниот законик.

За случајот „Диво Насеље“ пред Врховен пристигнале девет жалби. На денешната јавна седница, која ја побараа седум лица, присуствуваа четворица од осудените, додека тројца писмено го известиле судот дека нема да присуствуваат.

Адвокатот Насер Рауфи, укажа на повеќе суштествени повреди на кривичната постапка од Кривичниот и Апелациониот суд, застапувајќи двајца од обвинетите – Амди Красниќи и Дем Шеху.

Вкупно 33 лица се осудени за „Диво Насење“, од кои седум на доживотен затвор, а тринаесетмина на 40-годишни затворски казни. Четири лица добија ослободителни пресуди.

Во престрелката во мај 2015 година, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и 10 членови на вооружената група.