Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на поранешниот директот на УБК, Сашо Мијалков за притворот во случајот „Империја“.

-Постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот С.М. изјавена против решение на судија на претходна постапка со кое се прифаќа предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор во предметот од обвинителството означен како „Империја“, кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 во текот на  вчерашниот ден, одржа јавна седница во присуство на странките. По произнезување на странките како и ценење на фактите и доказите во жалбата, советот донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судија на претходна постапка, на начин што определи мерката притвор да продолжи да опстојува поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т.1 од ЗКП – соопшти Кривичниот суд.

За Мијалков има четири обвиненија и тоа за предметите „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“.