Таксист бил ограбен синоќа од две непознати лица во скопската населба Чаир, при што му бил одземен мобилниот телефон и му било искршено задното стакло од возилото.

Како што соопшти МВР, синоќа во 21.45 часот во Скопје, Д.А. вработен како таксист, со патничко моторно возило „Рено Меган Скеник“ со скопски регистарски ознаки сопственост на такси компанија превезувајќи две непознати машки од автобуска станица „Рекорд“ до улица „Џон Кенеди“, му била извршена разбојничка кражба од страна на две лица. Притоа тие му одзеле мобилен телефон со што се стекнале со противправна имотна корист од 2.000 денари.

Имено, според пријавата, на раскрсницата помеѓу улиците „Џон Кенеди“ и „Лазо Трповски“ откако Д.А. застанал на црвен семафор, едно од лицата се симнало од возилото додека другото го одзело неговиот мобилен телефон. Возачот се обидел да го спречи во намерата, но лицето започнало да му упатува закани, се симнало од возилото и со дрво го скршило задното стакло од возилото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.