Во скопската населба Чаир, синоќа пред полноќ, со огнено оружје е ограбен таксист, кој настанот го пријавл во полициска станица.

Вчера околу 22,40 часот од страна на М.Г. (36) од Скопје е пријавено дека на улица “Методија Митевски”  во Скопје додека чекал патници на такси станицата се качило непознато лицекое побарало да го одвезе до одредена локација со населба Чаир.

Откако пристигнале на наведената локација, непознатото лице со закана со огнено оружје одзел 2.000 денари од пријавителот и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.