Маскирани разбојници утрово под закана со огнено оружје ограбиле поштар во селото Глумово, информира МВР.

Според истиот извор, околу 09,25 часот пред ресторан во село Глумово, две непознати маскирани лица, со патничко моторно возило „Голф 4“ со непознати регистарски ознаки и со закана со пиштол од поштарот Е.И.(53) од село Копаница, одземале околу 400.000 денари по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.