Во штипската полиција Ѓ.Н.(65) од село Карбинци вчера пријавил дека ноќта непознат сторител извршил тешка кражба во манастирот Света Петка во атарот на село Калузлија. Сторителот со употреба на сила влегол внатре и одзел пари.

Истовремено вчера во штипската полиција Б.Д.(47) од Штип пријавила дека ноќта непознат сторител извршил тешка кражба во манастирот Свети Илија во село Аргулица, општина Карбинци. Сторителот со употреба на сила влегол и одзел пари.

Полицијата вели дека работи на расчистување на случаите