Непознат сторител ја ограбил црквата „Свето Вознесение-Свети Спас“ во светиниколоското Горобинци.

Како што соопшти МВР, на 2-ри спроти 3 август било пријавено дека од страна на непознат сторител со подесен предмет насилно била отворена влезната врата во црквата и од дрвена фиока биле одземени 1.500 денари, а од икона биле одземени уште 2.000 денари.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа на Полициската станица Свети Николе и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.