Непознат сторител со употреба на сила и алат насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Пророк Илија“ во село Митрашинци, Беровско и одзел пари.

Според пријавата, црквата е ограбена во периодот од 10 часот на осми март до 11  часот на 10 март.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Берово. Се работи на расчистување на случајот.