Десетици уметнички слики и рачно изработени предмети се украдени од продавница во Центар.

Според информациите од МВР, вчера 20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во периодот од 15.01. до 03.02. од продавница за уметнички предмети на ул.„Васил Главинов” во Скопје биле одземени 52 слики и повеќе рачно изработени уметнички предмети.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.