Филијала на „Македонски пошти“ во Охрид била ограбена утрово, при што, се уште не е утврдено колку средства се одземени. По неколку часа, од страна на охридската полиција е приведено едно лице, кое се сомничи дека бил извршител на грабежот. Настанот го потврдуваат од СВР Охрид.

– Има таков настан, пред од прилика еден час е приведено лице кое се сомничи дека извршило разбојништво во пошта во центарот на Охрид. Се работи за едно лице. Во моментов се преземаат сите дејствија за расветлување на случајот, како и на тоа, што е украдено при извршувањето на делото – велат од СВР Охрид.

По расветлувањето на случајот и утврдување на деталите на грабежот, СВР Охрид најави подетални информации за настанот.