Во обложувалница на булевар „Никола Карев“ во Скопје синоќа во 21,00 часот маскирано лице со закана со пиштол извршило разбојништво над вработената при што одзело околу 50.000 денари.

МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.