Фото: Илустрација

Две непознати маскирани лица рано изутрината извршиле разбојништво во бензинска пумпа на влезот на Радишани во Скопје.

МВР информира дека сторителите со закана со оружје ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец. Кражбата во полиција ја пријавил вработен на бензинската пумпа.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.