фото илустрација

Вооружен разбојник синоќа ограбил аптека во центарот на Скопје.

Како што соопшти МВР, околу 20.15 часот во аптека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, од страна на непознато машко лице со закана со пиштол извршено е разбојништво над вработените, при што е одземен дневниот промет.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.