Непознат сторител синоќа во 20.50 часот извршил разбојништво во аптека на ул. „Козле“ во Скопје. Сторителот со закана со нож ги одзел парите од дневниот промет и побегнал во непознат правец.

МВР информира дека вработена во аптеката во 21 часот ја пријавила кражбата во Единицата за информации и команда Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.