26-годишно лице од Радовиш вечерта помеѓу 20 и 21 април извршило обљуба врз малолетничка од истиот град, известува министерството за внатрешни работи.

Од таму појаснуваат дека на 21.04.2021 година ОВР Радовиш до Основниот суд во Струмица поднелo кривична пријава против С.М. (26) од Радовиш, поради постоење сомнение дека ноќта помеѓу 20/21.04.2021 година во Радовиш осомничениот извршил обљуба врз малолетничка.

Лицето С.М. е лишено од слобода и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, велат од МВР.