Фото: Дарко Андоновски

Попладнево е забележан голем пожар кој доаѓа од правец на Скопска Црна Гора, густите облаци чад се гледаат и од централното градско подрачје. Поточно станува збор за пожар кој утрово околу 8 часот избувнал на местото викано Влаин гроб, а пожарот се движи кон кумановското село Матејче. 

Од противпожарната единица на град Скопје, добивме информација дека пожарот доаѓа од правец на Куманово, кој засега е под контрола.

Фото: Игор Бансколиев

– Станува збор за непристапен терен, испратени се екипи од противпожарната единица од Куманово. Засега пожарот е под контрола, информирани се од ЦУК, доколку пожарот излезе од контрола ќе се излезе на терен со авијација – изјавија за „Нова Македонија“ од противпожарната единица на град Скопје.

Фото: Игор Бансколиев

Нашата екипа се обрати до Центарот за управување со кризи од каде велат дека на терен се 4 лица вработени од противпожарната екипа на град Куманово, но се работи за многу непристапен терен. Од ЦУК велат дека пожарот се движи кон кумановското  село Матејче. М.Т.

Фото: Дарко Андоновски