Фото: Илустрација

Педесет и четиригодишен маж од Кавадарци загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат Кавадарци, кај Градските гробишта. Во несреќата повредени се и четири лица.

Несреќата се случила помеѓу трактор со приколка, управуван од В.П.(24) од Кавадарци, автомобил „фолксваген голф“, управувано од Л.Л.(51) од село Дабниште, Кавадаречко, и автомобил „опел вектра“, управувано од М.К.(46) од Кавадарци. На местото на незгодата починал З.Л.(54) од Кавадарци, сопатник во „фолксваген голф“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Л.Л. и сопатникот од истото возило Р.Л.(79) од село Дабниште, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и сопатничката од истото возило М.К.(37) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од ОВР Кавадарци изврши увид на самото место каде вчера околу 17 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.

– На регионалниот пат Кавадарци, кај градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор Урсус со приколка, управуван од 24-годишен жител од Кавадарци, патничко возило „голф“, управувано од жител на село Дабниште, кавадаречко на возраст од 51 година и патничко возило „опел вектра“, управувано од 46-годишен кавадарчанец. Според првичните сознанија, до незгодата дошло при обид на возачот на „голфот“ да го престигне тракторот со приколка.

На местото на незгодата од тешките повреди починало едно лице (54) – сопатник во патничкото возило „голф“. Четири лица со телесни повреди се пренесени во здравствени установи за натамошно укажување лекарска помош и лекување“.

Во насока на расчистување на причините за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од самото место, како и за сообраќајно – техничко вештачење.​