Инспектори од Државниот пазарен инспекторат синоќа по 21 часот извршиле контрола во угостителски објект во Порој, во сопственост на Ш.К. од ова тетовско село.

Притоа било констатирано дека објектот работи по дозволеното време и во него биле затекнати над 20 гости.

Како што информираат од МВР, за време на преземање на службените дејствија, инспекторите биле попречувани од М.Б, исто така од Порој, кој се обидел и физички да ги нападне, но бил спречен од присутните.

По целосно документирање и расчистување на случајот против него и против сопственикот на локалот ќе бидат поднесени соодветни пријави.