Oбвинителството во Струмица отвори предмет против 22 лица – учесници во тепачката која се случи минатата недела.

Од осомничените, 12 лица се пријавени за сторено кривично дело – спречување на службено лице во вршење службено дејствие, а останатите десетмина за насилство.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица во континуитет презема дејствија за расчистување на настанот. Издадени се наредби за вештачење, за прибирање на медицинска документација и други материјални докази. Во насока на утврдување на фактите во предметот, ќе бидат сослушани осомничени и сведоци, односно повеќе лица кои можат да дадат податоци за настанот – соопшти Обвинителството.