Фото: Архива

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е незадоволно од пресудата со која на Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше Наќе Чулев, му е определена условна казна и најави дека ќе поднесе жалба.

По признание на вина, Ѓорѓевски беше прогласен за виновен и изречена му е алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Пресудата е донесена по спроведената дисциплинска постапка против него откако на денот на предвремените парламентарни избори, во јули минатата година беше снимен како го пцуе и се обидува физички да го нападне командирот од Тетово, Зоран Талев.

Обвинителството бара Ѓорѓевски да биде прогласен за виновен за кривично дело Насилство за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.​