Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе предлог да ѝ се продолжи притворот на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Адвокатката Ирена Фрчкоска, која ја застапува Јанева, вчера поднесе барање за укинување на мерката притвор.

Во петок истекува 30-дневната мерка притвор на Јанева.