фото: Игор Бансколиев

Обвинителката Ивана Трајчева рече дека во утринската акција на МВР, по налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се уапсени 10 лица, а по едното полицијата сè уште трага. Десетмина се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, а едно лице за несовесно вршење на службата.

Обвинителката рече дека утрово бил пуштен предлог за привремено обезбедување на имотно правното побарување до судот.

-Предложено е да се замрзнат, и да не се отуѓуваат предметните земјишта, како и имотот кој е неосновано стекнат од страна на осомничените. Станува збор за склучување договори за оттуѓување земјиште во сопственост на РСМ, во кои договори се предвидени договорни обврски во однос на исполнување на обврските од страна на изведувачот, но тие обврски понатаму не се испочитувани. Било предвидено реален товар да се воспостави, односно да се обезбеди државата, како што се прави впрочем и во секој договор, а таквото нешто е прикриено. Реалните товари не се солемнизирани, односно не се прикажани во актите за солемнизација, со што, всушност е нанесена штета и не е предвидено раскинување на договорите и земјиштето не е вратено во сопственост на државата- појасни Трајчева за истрагата на Обвинителството.

Во истрагата, покрај министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, опфатени се државната правобранителка Емилија Радојкова, Димитар Димовски, државниот советник за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт и врски…