Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице,  27-годишна државјанка на Република Турција поради сторено кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетата делото го сторила на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, кога избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена стока-накит од бело злато. Накитот бил со вкупна тежина од 380,50 грама кои имаат вредност од 450 илјади евра- се наведува во соопштението од обвинителство.

Со оглед на оценката дека сè уште постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност обвинетата да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата.