Кривичниот суд го одби како неоснован вчерашниот предлог на обвинителството за определување мерка притвор на шесте лица обвинети за сообраќајната несреќа на 13 февуари кај селото Ласкарци. Основниот кривичен суд ја продолжи мерката куќен притвор за уште 30 дена.

Вчера Основното јавно обвинителство побара мерка притвор за сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, возачот на автобусот и уште четири лица за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, поради тешката сообраќајна несреќа во која загинаа 16, а беа повредени 38 лица.