Со давање изјава во своја одбрана од обвинетиот Игор Југ денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Обвинетите Младен Додевски, Јане Ченто и Горанче Ангеловски претходно рекоа дека нема да изнесуваат одбрана.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Кацарска повторно укажа дека одлуката на судот останува иста во однос на неприфаќање на доказите предложени по 21.08.2018 година.

Во судница се присутни сите обвинети, меѓу кои има пратеници, уметници, луѓе од собраниското обезбедување, вработени во МВР и граѓани.