Фото: Маја Јаневска-Илиева

Скопското јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело-учество во толпа.

Обвинетиот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и неидентификувани граѓани, започнале да дејствуваат кон полицискиот кордон на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети.

Притоа биле повредени 11 полициски службеници и еден новинар.

Во протестите обвинетиот учествувал маскиран, со цел да не се открие неговиот идентитет, информираат од МВР.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, за кое се уште постои опасност да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.​​