Фото: Илустрација

Обвинение за продажба на дрога денеска поднесе Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје против Венецуелец кој минатата недела беше уапсен на Аеродромот Скопје каде сакал да прошверцува околу два килограми кокаин.
Како што соопштија од ОЈО, заедно со обвинителниот акт, јавниот обвинител до судот доставил и Предлог за продолжување на мерката притвор.

-Станува збор за државјанин на Венецуела, со потекло од Египет, кој допатува во Македонија на 5 делември 2018 година со лет на релација Цирих-Скопје. Царинските службеници на скопскиот аеродром, при извршен личен преглед и преглед на личниот багаж на ова лице, пронашле и одзеле наркотична дрога – кокаин во зипер вреќичка со нето маса од 332,6 грама скриена во рачките од куферот. Во исто време биле пронајдени и шест најлонски вреќички со вкупна нето маса од над 1,5 килограми кои биле сошиени во долната облека, се наведува во соопштението на ОЈО.