Три непознати лица доцна синоќа, во еден часот по полноќ, извршиле разбојништво над двајца вработени во испоставата на Македонски железници – Трубарево по што одзеле делови од вагон.

Според МВР, разбојништвото се случило во село Долно Лисиче.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.