Во 19.40 часот сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес е нормализиран, соопшти АМСМ.

Поради пожарот кој ја зафати околината на езерото Младост и продолжи да се шири и кон автопатот, од 18.10 часот од автопатот Скопје – Велес, од клучка Башино село до влез на град Велес, возилата беа пренасочувани по регионалниот пат езеро Младост кон Велес.