Сообраќајот на скопската обиколница кај клучка Радишани, во правец од Волково кон Смилковци, кој беше во прекин, е нормализиран, соопшти АМСМ.

Сообраќајот беше во прекин поради сообраќајна несреќа на два камиона кои се судрија на обиколницата кај Радишани. Според првичните информации, од едниот камион се извлечени татко и дете, а како што дознаваме неофицијално, тие се во стабилна состојба.

Според изјави на очевидци, едниот камион удрил во задниот дел на друг камион. Засега не се познати причините за несреќата.

Од силината на ударот, предниот дел на товарното возило кое удрило во другиот камион е целосно уништен.