Попладнево околу 14 часот избил пожар во шумата во непосредна близина на граничниот премин Богородица.

Од снимки објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека гори борова шума во билзина на граничниот премин, непосредно над казината кои исто така се во неговата околина.

Според информациите, екипи на противпожарната едниница од Гевгелија и јавното претпријатие „Комуналец“ се излезени на местото и се обидуваат да го изгаснат пожарот кој ја зафатил шумата.

Од екипите на терен соопштуваат дека пожарот поради ветрот се движи кон границата со Грција поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Доколку не се случи промена на правецот, првичните прогнози се дека нема да бидат загрозени граничната караула на АРМ, казината, ГП Богородица и бензинските пумпи во близина на мекедонско-грчката граница.